Магазин 28. декември 2020. / 14:39

(ВИДЕО) Необична појава во Русија: Леташе пена по улиците на Санкт Петербург

(ВИДЕО) Необична појава во Русија: Леташе пена по улиците на Санкт Петербург

Целосен шок владееше меѓу жителите на западниот дел на Санкт Петербург откако огромна количина пена се појави во овој дел од градот.

Имаше толку многу пена што целото соседство беше покриено со неа, и сè доаѓаше од блиската река Дудергофка. Облаци од бела пена набргу се раширија низ околните улици, но иако сè изгледаше прекрасно, многумина беа доста загрижени.

Голем број граѓани ја снимија оваа необична појава и ја објавија на социјалните мрежи, но истовремено бараа одговори од надлежните за што станува збор.

Додека некои беа убедени дека сè е дел од „пена парти“, други се плашеа дека зад сето тоа може да стои екоцид, па властите наредија истрага за овој инцидент.

Се шпекулира и дека во реката е пронајдена хемикалија од блиската фабрика за детергенти, а примероците се испраќаат во лабораторијата.