Сениса Естрада влезе во историјата на спортот со најбрзиот нокаут во историјата на женскиот бокс. Оваа 28-годишна Американка, наречена „супер лоша“ ја победи Миранда Адкинс за само седум секунди.
Веднаш откако се огласи ѕвончето за старт, Естрада ја нападна противничката и упати еден, два, три удари, а потоа ја испрати нејзината противкандидатка на земја со уште четири директи во главата, пред таа да сфати што се случува и да изгуби свест.
Естрада е шампион според ВБА-верзијата во категоријата „мува“ и ВБЦ (сребрена) верзија во јуниорска „мува“ и ова беше нејзината 19. победа од ист број натпревари.
Адкинс го доживеа својот прв пораз во шестата борба во кариерата.
? RECORD BREAKING ? @SeniesaSuperbad 7 second KO! ?
@dazn_usa! #OrtizVargas pic.twitter.com/VrropY87FY
— Golden Boy (@GoldenBoyBoxing) July 25, 2020