Магазин 15. октомври 2019. / 17:42

(ВИДЕО) Морски ангели се појавија во Јадранското море

(ВИДЕО) Морски ангели се појавија во Јадранското море

Во последно време честопати се случува да се појават животни што вообичаено живеат во други мориња, а најновото такво животно е преубавиот морски полжав, наречен уште и „морски ангел“. Неговото присуство во Јадранот беше непознато до откривањето на цело јато од овие мали пливачки полжави во акваториумот на островот Чиов, објави „подводни.хр“.

За разлика од другите полжави, „морските ангели“ немаат слузаво стапало, а наместо него развиле плашт со чија помош пливаат. Тие можат да пораснат до пет центиметри, со тоа што, видовите од овие полжави што живеат во поларните мориња се поголеми од своите роднини од топлите води.

„Морските ангели“ се хермнафродитни животни што се размножуваат така што испуштаат милиони мали јајца коишто пловат по морето додека од нив не се изведат младенчиња.

Овој мекотел се храни со друг вид пливачки полжав, „Creseis clava“, а како што пишува „подводни.хр“, токму забележаната појава на роеви „Creseis clava“ во Јадранското море би можела да причина за појавата на „морските ангели“.