Магазин 17. декември 2020. / 13:51

(ВИДЕО) Милан Калиниќ може да заврши во затвор поради тепачка во салата „Пионир“?

(ВИДЕО) Милан Калиниќ може да заврши во затвор поради тепачка во салата „Пионир“?
Фото: Ало.рс

Против актерот и водител Милан Калиниќ е поднесено обвинение, кое е доставено до судот, поради учество во тепачка на мечот што се одигра меѓу Црвена Звезда и Партизан во април 2019 година.

Како што пренесува неофицијално Блиц , Калиниќ е обвинет за кривично дело насилно однесување на спортски настан или јавен собир, а тој ќе мора да се појави на суд 25 јануари.

За потсетување, инцидентот се случил во салата „Пионир“, а мотивот за конфликтот наводно била дискусија за седење во ВИП делот.