Магазин 18. ноември 2020. / 23:25

(ВИДЕО) Меси ги изгуби нервите на аеродромот откако пристигна во Барселона: Доста ми е од сè

(ВИДЕО) Меси ги изгуби нервите на аеродромот откако пристигна во Барселона: Доста ми е од сè

Лионел Меси се врати во Барселона откако го одработи репрезентативниот настап со Аргентина и веднаш стана главна тема во Шпанија.

Меси и неговите соиграчи на аеродромот ги пречекаа претставници на Министерството за финансии кои очигледно имаа прашања за него на кои тој во моментот не беше подготвен да одговори, но успеаја видно да го вознемират бидејќи проверката на документите на сите во авионот траела околу еден час.

После средбата со претставниците на министерството Меси излезе пред новинарите и „зовре“ кога се спомна критиката што ја доби од чичкото на Гризман.

-Доста ми е од сè. Јас сум секогаш виновен за сите проблеми во клубот, рече Меси и луто замина кон автомобилот на неговата сопруга Антонела Рокуза, која го однесе дома.