Магазин 24. ноември 2020. / 10:50

(ВИДЕО) Меланија Трамп за последен пат како прва дама ја пречека божиќната елка во Белата куќа

(ВИДЕО) Меланија Трамп за последен пат како прва дама ја пречека божиќната елка во Белата куќа

Во Белата куќа денеска пристигна божиќната елка, што според традицијата е примена од првата дама на САД, Меланија Трамп. 

Годинава, претседателската резиденција ќе ја краси ела четинар висока речиси шест метри, а снабдена од компанијата „Ден анд Браун трис“ од Западна Вирџинија. 

Под звуци на божиќни мелодии во исполнување на оркестар, дрвото беше донесено до северниот трем на Белата куќа на коњска запрежна кола.

Изборот на елката за Белата куќа од 1969 година го прави специјална асоцијација.  

Со пристигањето на елката започнуваат и годишните празнични настани во Белата куќа. Неделава треба да се изврши и уште еден празничен обред: симболичното помилување на мисирка од страна на претседателот на САД.