Магазин 13. јули 2020. / 14:44

(ВИДЕО) Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, во Дубровник пее хрватски севдалинки

(ВИДЕО) Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, во Дубровник пее хрватски севдалинки

Голманот на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Мануел Нојер се наоѓа на одмор во Дубровник, каде што се опушта по освоената титула во Бундеслигата и пред продолжението на Лигата на шампионите.

Нојер во Хрватска е заедно со тренерот на голманите на Баерн, Тони Тапаловиќ, кој има хрватско потекло.

На видеото објавено на социјалните мрежи може да се види Нојер во одлично расположение како заедно со своето друштво ја пее песната „Lijepa Li Si“ од хрватската музичка група Томсон.