Манчестер Сити го победи Шефилд Јунајтед со 1-0 и ќе остане на врвот во Премир лигата.
Избраниците на Пеп Гвардиола доминираа од првата минута на натпреварот. Тие погодија за 1:0 во 9-та минута преку Габриел Јесус и никој ни не помислуваше дека ова ќе биде единствениот гол на играта.
Граѓаните пропуштија многу шанси. Од друга страна, Шефилд не претставуваше закана се до самиот финиш кога гостите нападнаа малку посериозно, имаа еден добар удар, но резултатот остана 1: 0.
Интересно, Пеп Гвардиола во 90-тата минута направи само една замена на овој натпревар кога Родри го замени Торес.
На клупата ги остави и Рахим Стерлинг, Махрез, Кансело, кои очигледно реши да ги одмори на овој натпревар.