Магазин 03. февруари 2021. / 21:57

(ВИДЕО) Малку фитнес, малку државен удар: Видео од Мјанмар кое го шокираше светот

(ВИДЕО) Малку фитнес, малку државен удар: Видео од Мјанмар кое го шокираше светот

Додека инструкторката по фитнес Кинг Хнин Ваи во Мјанмар танцувала и ги покажувала вежбите пред камерите, не можела ниту да претпостави дека зад нејзиниот грб се одвива државен удар.

Во првиот момент од видео снимката не се забележува ништо необично. Но, потоа во кадарот во позадина влегува конвој оклопни возила и станува јасно дека ситуацијата не е баш секојдневна.

Кинг, инстукторка по аеробик, на фејсбук ја поставила видео снимката од вежбањето во понеделникот. Во тој момент војската на Мјанмар спроведувала воен удар, приведена е Аунг Сан Су Чи и останатите демократски избрани лидери од нејзината партија.

После тоа, војската ја презема власта и прогласи вонредна состојба која ќе трае една година, а Сан Су Чи ќе биде обвинета за изборна измама.