Нумерата ‘Сонце‘ е трето мое авторско дело во кое сум јас и музичар изведувач, а мој е и аранжманот. Првото дело кое го објавив на јутјуб се вика ‘Вистина’ и е поставено во декември, второто дело кое е исто така авторско, го објавив за време на карантинските денови на 4 април и насловено е ‘Вулкан‘. Во меѓувреме исто така поставував и мои авторски дела на фејсбук. Но, овие три дела ‘Сонце’, ‘Вистина’ и ‘Вулкан’ се дела кои здравје во иднина сакам да ги ставам на моето авторско цеде, за кое ќе има и промоција“, вели за весникот ВЕЧЕР виолинистката Слободанка Ничевска, чија нумера „Сонце“ поставена на Јутјуб деновиве ја одушевува македонската јавност.
Целиот текст овде.