Магазин 08. март 2021. / 18:22

(ВИДЕО) Луда прослава на фановите на Ренџерс, заборавија на короната

(ВИДЕО) Луда прослава на фановите на Ренџерс, заборавија на короната

Илјадници навивачи на Ренџерс во неделата излегоа на улиците на Глазгов за да ја прослават првата шампионска титула по 10 години.

Ренџерс изминатиот викенд ја освои 55. титула во клупската историја, а прва по цела деценија која помина во доминација на најголемиот ривал Селтик.
Поради финансиски проблеми, клубот во 2012 година беше исфрлен во четвртата Шкотска лига, но полека се враќање кон врвот, а успесите и трофеите дојдоа со поставувањето на Стивен Џерард за главен тренер во 2018 година. Легендарниот капитен на Ливерпул, покажа дека го чека и голема иднина како тренер, а првиот трофеј го освои изминатиот викенд.

Освојувањето на титулата по пауза од десет години ги фрли во транс навивачите на Ренџерс кои заборавија на коронавирусот и масовно излегоа на улиците на Глазгов да ја прослават титулата. На улиците имаше дури и родители со бебиња, а тоа ги разгневи медиумите во Шкотска. Но, Џерард се обиде да го оправда однесувањето на навивачите.

– Се уште постои пандемија и додека е така, важно е навивачите да внимаваат. Но, во исто време доколку имате срце, ќе сфатите низ што поминаа овие навивачи. Безбедноста е најважна, но тешко е бидејќи само за мене ова беа емотивни три години, а навивачите се тука многу подолго. Ја чекаат титулата 10 години, и сигурно може да го разберете нивното однесување, изјави Џерард.