Магазин 04. ноември 2019. / 23:00

(ВИДЕО) Конор Мекгрегор пред суд заради тепачка во паб

(ВИДЕО) Конор Мекгрегор пред суд заради тепачка во паб

Конор Мекгрегор се појави пред судот во Даблин, каде му се суди за напад на Дезмонд Киа, кој го удираше во еден паб на 6 април за време на промоцијата на неговото брендирано виски.

Кио тогаш ја одбил турата виски од Мекгрегор кој ја понудил на сите во барот, а на УФЦ борецот тоа не му се допадна, па го удри со тупаница по вилицата.

Безбедносните камери ја снимија ситуацијата, па на Мекгрегор не му преостана ништо друго туку да ја признае вината.

Неговите адвокати кажаа пред судот дека Мекгрегор ќе се изјасни за виновен на суд и ќе и се извини на жртвата, која го прифати извинувањето.

Во зависност од пресудата, Мекгрегор се соочува со парична казна од 1.500 евра или максимум шест месеци затвор, но поради изјаснување на вина, судиите се очекува да бидат поблаги и само да му изречат парична казна.

Мек Грегор се повлече од ММА спортот на 18-ти јануари и го најави своето пензионирање, но оваа година го најави враќањето во октагонот наведувајќи дека ќе се бори на 18-ти јануари во Лас Вегас на спектаклот УФЦ што ќе се случи тогаш, но сè уште не е познато кој ќе биде неговиот ривал.