Светската здравствена организација подготви информативно видео како се пренесува Ковид-19 и како граѓаните да се заштитат.
Ковид-19 е нова заразна болест предизвикана од нов корона вирус, кој за прв пат е регистриран кај луѓето. Се пренесува преку човечки контакт, главно преку ситни капки кои завршуваат во воздухот кога заразениот човек зборува, кашла или кива.
Капките се тешки и не можат да поминат големо растојание во воздухот – приближно околу еден метар и за кратко време завршуваат на било која површина. Токму поради оваа причина, пренесувањето кај луѓето најчесто се случува кога станува збор за блиски контакти.
Се уште не е познато колку време може да преживее вирусот на тие површини. Поради тоа се бара редовно миење на рацете. Луѓето да се воздржат од допирање на очите, носот или устата бидејќи со допирот може дас се пренесе вирусот на себе си.
Најефикасен начин да се спречи ширењето на новиот корона вирус е често чистење на рацете со алкохолно средство или миење на рацете со сапун и вода.