Во раните утрински часови, сообраќајната полиција на Италија, поточно на Пиза и на Ливорно и одделот за превенција на криминалот во Фиренца, спроведоа акција во која беше употребен и хеликоптер, со цел да се запленат возилата кои немаат соодветно осигурување.
Во таа акција е сопрен и џип „БМВ“ со двајца државјани од Македонија, пишува „Ланационе“. Засега не се открива идентитетот на државјаните, како и тоа дали возилото било со македонски или со италијански регистарски ознаки.
Во акцијата запленети се уште неколку возила кои не поседувале соодветно осигурување, возачите се приведени, а возилата одземени, и се води понатамошна постапка.