Магазин 20. февруари 2020. / 23:30

(ВИДЕО) Јосипа Лисац се огласи по повод кривичната за пеење на химната

(ВИДЕО) Јосипа Лисац се огласи по повод кривичната за пеење на химната

Химната што ја изведе  Јосипа Лисац на инаугурацијата на Зоран Милановиќ, крена многу прашина. Нејзината изведба ги подели мислењата на граѓаните. На некои не им се допадна, како што е адвокатот Бошко Жупановиќ, кој поднесе кривична пријава против пејачката  за „нарушување на угледот на Република Хрватска“.

Пејачката се огласи со соопштение, потпишано од Кроација Рекордс и Хрватската музичка унија, пренесува Индекс.

– Им се обраќаме на сите медиуми и учесници во дебатата на социјалните мрежи, кои веќе два дена неуморно дискутираат за химната и изведбата на славната дива, г-ѓа Јосип Лисац. За жал, ова е тотално непочитување на уметничката слобода и креација на  уметник чиј стил го обожаваат сите генерации и се сметаат за една од најголемите легенди на домашната сцена – се вели во соопштението.

– На секој добронамерен човек му е јасно дека не се работи за никаква навреда на  химната, а стилот и начинот на интерпретација на Јосипа Лисац е   широко познат и оваа ситуација е уште еден доказ дека живееме во општество каде основните човечки и културни вредности се сериозно поткопани, како и начинот на комуникација .

На барање на г-ѓа Јосип Лисац, сакаме да ве известиме дека таа повеќе нема да коментира за реакциите на изведбата на химната за време на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, се вели во соопштението.

Исто така, нема да коментира предлози за кривична пријава или какви било слични идни реакции од поединци, здруженија или институции, без оглед за кој медиум станува збор “, се додава во соопштението.