Магазин 20. јануари 2021. / 09:27

(ВИДЕО) Јапонски оперски пејач пее македонска народна музика

(ВИДЕО) Јапонски оперски пејач пее македонска народна музика

Не е првпат Јапонците да пеат македонски народни песни. Пред некое време во Јапонија е снимена и многу познатата “Македонско девојче“, а еве сега и незаборавната “Ако умрам ил загинам“ се пее таму далеку на Исток.

Ние песната ја знаеме од репертоарот на легендарниот македонски пејач Јонче Христовски. Казухиро Котецу е тој што ја пее оваа песна, тој е јапонска оперска пејачка ѕвезда.

Во продолжение може да ја видите „Македонско девојче“.

Има голема љубов и кон другиот тип на музиката, како што се народните песни, особено македонските му се врзани за срце.

Најново, тој ја испеа „Ако умрам ил загинам“.

Инаку, Котецу е приватно добар пријател на македонскиот тенор Благој Нацоски. Така дојде и до тоа Јапонецот да ги открие убавините на македонските песни. Сега сите нестрпливо чекаме уште некои македонски песни да ги испее шармантниот Казухиро. Д.М.