Излегоа првите 15 примероци од Тесла Модел 3 од фабриката во Шангај. Нив ги улови дрон како стојат паркирани во кругот на фабриката.
Видео снимката ги прикажува автомобилите кои се излезени од погонот пред да се отпочне со сериско производство, со што се заклучува дека работите се одвиваат брзо откако американската марка минатиот месец доби дозвола од кинеските власти да се започне со градење на компанијата.
Додека јавноста однадвор го следеше само напредувањето на градбата, паралелно се работеше на поставување на машинеријата, пренесуваат локалните медиуми.
Неверојатно брзиот старт се должи на тоа што пресите за изработка на каросеријата, опремата и сложената монтажна линија се поставуваа практично веднаш со затворањето на основната градба, изјавил извор, пренесуваат медиумите.
Во Гигафабриката 3, како што е наречена, во Шангај ќе се произведува и СУВ-моделот Model Y, на база на Model 3.
Маск најави и дека до крајот на годината ќе ја објави локацијата на фабриката што ќе се гради на територијата на Европа.