Италијанските полицајци користеле Lamborghini Huracán, автомобил што може да развие максимална брзина од 325 километри на час, за да однесат дониран бубрег од Рим до Падова.
Тие возеле на автопатот со просечна брзина од 232 километри на час и поминале 480 километри за два часа за да му го донесат многу потребниот орган на пациент во универзитетската болница Гемели.
Автомобилот што го управувале бил опремен со ладилник за органи и е дел од возниот парк на Државната полиција.
– Благодарение на нашиот Lamborghini Huracan, навреме го транспортиравме бубрегот на донаторот за трансплантација на друго лице. За да спасиме живот, не ти требаат суперсили. Солидарноста, технологијата и ефикасноста исто така помагаат, соопшти полицијата преку Твитер.