Магазин 14. ноември 2020. / 10:30

(ВИДЕО) Историскиот гол на Пандев номиниран за најубав во баражите од Лигата на нациите

(ВИДЕО) Историскиот гол на Пандев номиниран за најубав во баражите од Лигата на нациите

Најзначајниот погодок во историјата на македонскиот фудбал, тој на Горан Пандев за триумф над Грузија, а со тоа и за пласман на Евро 2021, се најде во конкуренција за најубав гол од баражите за пласман на следниот континентален собир.

Прекрасната акција на „италијанската тројка“ Елмас, Несторовски и Пандев, не остана незабележано од медиа-тимот на УЕФА. Покрај погодокот на нашиот капитен, УЕФА ги номинира и головите на Соболсаи, Кристи и Дуриш.

Номинираните голови можете да ги видите на следниот линк.