Холандската влада донесе уредба со која се дозволува тепање со снежни топки само помеѓу членови на исто семејство.
Ваквиот чекор следи откако деновиве на социјалните мрежи осамна видео снимка на која се гледа како неколкумина полицајци и група минувачи се забавуваа, тепајќи се со снежни топки.
Многумина на социјалните мрежи се пошегуваа и ја одобрија снежната битка, но од холандската влада порачаа дека токму полицијата треба да даде пример за тоа како се почитуваат епидемиолошките мерки воведени со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот.