Магазин 31. мај 2020. / 17:07

(ВИДЕО) Големо срце за поддршка на лицата со мултипла склероза

(ВИДЕО) Големо срце за поддршка на лицата со мултипла склероза

Голем број уметници, сликари, вајари, музичари, но и лекари и новинари се обединија за да испратат силна порака со поддршка за лицата со мултипла склероза, по повод Светскиот ден на МС 2020.

Секој од нив сподели цртеж, слика, поезија, мотивирачки зборови, собрани во една заедничка видеопорака со која покажуваат дека и во вонредни услови и без можност да бидат заедно со нив, лицата со мултипла склероза не се сами во нивната борба со болеста.

Огромна благодарност до нашите поддржувачи кои одвоија време и на свој креативен начин дадоа несебична поддршка на лицата со МС – порачаа од Националното здружение за МС и го споделија видеото на социјалните мрежи.