Пилотот „Лудиот“ Мајк Хјуз загина при обидот да ја лансира ракетата што сам ја направи.
„Нашите мисли и молитви се со семејството на Мајк, како и пријателите во овој за нив многу тежок период. Неговиот сон секогаш беше да го заврши ова лансирање, а „Сајанс чанел“ беше тука за да го забележи ова патување“ објави „Сајанс чанел“.
На страницата „Дискавери Чанел“ пишува дека 64-годишниот Мајк требало да лансира ракета од домашно производство во рамки на серијата „Хоуммејд Астронаутс“.
Целта била да се направи ракета која ќе лета 100 километри во висина, до самата граница на вселената.
Мајк Хјус инаку е познат по тоа што веруваше дека Земјата е рамна плоча. Тој се надеваше дека ќе ја докаже својата теорија, со заминувањето во вселената, пишува Би-би-си.