Магазин 24. март 2020. / 11:03

(ВИДЕО) Еве како изгледа тестирањето на корона вирус

(ВИДЕО) Еве како изгледа тестирањето на корона вирус

Корона вирусот ја запре планетата, вклучително и спортот, и ги принуди спортистите да останат изолирани, да тренираат дома и да се обидат да останат во форма, како би можеле подготвени да се вратат на терените.

Руската тенисерка Светлана Кузњецова реши да се подложи на тест за да се увери дека не е заразена.

Таа на својот Инстаграм профил објави видео од тоа како изгледа тестот за Ковид-19. На видеото се гледа како здравствениот работник во Москва зема брис од носот, а потоа и од грлото.

Тениската сезона беше прекината, првичниот план беше натпреварите да продолжат на почетокот на мај, но бидејќи тоа не e реално, АТП и ВТА ја продолжија паузата до почетокот на јуни.