Магазин 31. јануари 2021. / 21:20

(ВИДЕО) Елмас го постигна својот прв гол за Наполи, победа над Парма на домашен терен

(ВИДЕО) Елмас го постигна својот прв гол за Наполи, победа над Парма на домашен терен

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва го постигна првиот гол сезонава во италијанското првенство, придонесувајќи во триумфот на Наполи над Парма на домашен терен со 2:0 (1:0).

Наполи дојде во водство со дебитантскиот гол на Елмас во 32 минута, а триумфот на домаќините го завери Матео Политано во 82 минута.

За Елмас, кој вешерва одигра 77 минути, ова е втор гол во серија во дресот на Наполи, откако македонскиот играл за врска беше прецизен и во четвртокот, во триумфот од 4:2 над Специја во италијанскиот куп.

Наполи со ефект од 12 победи, шест порази и еден нерешен натпревар во моментов е четвртопласиран во Серија А, со девет бодови помалку од лидерот Милан.