Магазин 10. октомври 2019. / 22:25

(ВИДЕО) Елмас елегантно со лоб го матира словенечкиот голман Облак!

Не можеше подобро да започне вториот дел од натпреварот на македонската репрезентација против Словенија. Лути од поништениот гол на Елмас во финишот на првиот дел, избраниците на Ангеловски од првата акција во вториот дел поведоа со 1-0.

Пандев прекрасно го проигра Елмас, а овој не се импресионира од големиот Јан Облак и со резантен лоб удар го матира (1-0).