Електричен автомобил на кинескиот бренд BAIC експлодира во Санминг на југот на Кина. Автомобилот се запалил додека бил приклучен на полнач за надополнување на батеријата.
Противпожарната екипа иако го гаснела електричниот автомобил на безбедна дистанца со црево за вода, сепак моделот експлодирал откако батериите премногу се загреале. Од експлозијата и разлетаните делови од автомобилот нема повредени, причинета е само материјална штета.
Најголем предизвик за гаснење на пожар во електричен автомобил се токму неговите батерии, па така времето за реакција за гаснење е мининално.