Магазин 13. февруари 2019. / 13:21

(Видео) Доби милион долари на лотарија, па маскиран си го подигнал чекот

(Видео) Доби милион долари на лотарија, па маскиран си го подигнал чекот

Јамајканец кој доби еден милион долари на лотарија, за време на преземањето на наградата се појави со маска од филмот „Вресок“.

А. Кемпбел минатата недела за време на преземањето на чекот се појави со долга бела наметка, широки панталони и ракавици, а на лицето носеше маска. Како што пренесе „Вашингтон пост“, Кемпбел по 54 дена, собрал храброст да ја прими наградата.

Среќниот добитник изјави дека кога дознал за наградата, во прво време бил воодушевен, но потоа со денови се чувствувал болно.

-Ме болеше главата три дена бидејќи постојано размислував за тоа како ми се исполни желбата. Стомакот ме болеше две недели. Понекогаш чувствував толку силни болки што дури заборавав дека добив на лотарија, изјави тој.

 


Кемпбел наведе дека знаел оти рокот за подигнување на наградата истекува во февруари, додавајќи дека претходно сакал малку да се собере.

Тој откри и што планира да направи со наградата. Наведе дека еден дел ќе потроши на убава куќа, како и на унапредување на приватниот бизнис.