Српската експертска ѕвезда, Светлана Цеца Ражњатовиќ, јавно се огласи со став дека корона вирусот е ослабнат и им порача на своите фанови да не се грижат.
Цеца заедно со синот Вељко беа дијагностицирани како позитивни на Ковид-19 пред неколку дена, а затоа што телефонот не престанал да ѝ ѕвони од загрижени пријатели, реши преку видеообраќање да каже дека е добро.
Не ширете паника, вирусот е многу ослабнат – го сподели Цеца своето „експертско“ мислење во обраќањето на „Инстаграм“.