Магазин 16. април 2020. / 15:08

(ВИДЕО) Бушав и со раскопчана кошула – Како изгледа принцот Хари во самоизолација

(ВИДЕО) Бушав и со раскопчана кошула – Како изгледа принцот Хари во самоизолација

Принцот Хари со видеоповик се јави на Здружението „Well Child“ и разговараше со родителите на децата со пречки во развојот кои се посебно загрозени во пандемијата на корона вирусот.

Принцот се појави пред камерата во домашно издание и му покажа на светот дел од неговиот дом во Лос Анџелес каде што живее со сопругата Меган Маркл и нивниот син Арчи. За многумина беше невообичаено да се види принц со бушава коса и раскопчана кошула.

Принцот со години е поддржувач на здружението „Well Child“. Иако веќе не се во служба на кралското семејство, Меган и Хари ја продолжуваат својата добротворна работа во неколку здруженија во Велика Британија.