Магазин 10. февруари 2020. / 13:50

(ВИДЕО) Бред Пит го освои својот прв Оскар како актер

(ВИДЕО) Бред Пит го освои својот прв Оскар како актер

Актерот Бред Пит го освои Оскарот за најдобра машка споредна улога во филмското остварување „Си беше еднаш… во Холивуд“ на режисерот Квентин Тарантино на 92-то свечено доделување на Оскарите на наградата на американската Академија на филмските уметности и науки.

Покрај Бред Пит во таа категорија беа номинирани Том Хенкс, Ал Пачино, Џо Пеши и Ентони Хопкинс.

Ова е прв оскар за Пит како актер. Тој досега неколку пати е номиниран за Оскар, во 1995 номиниран е за наградата за Оскар за споредната улога во филмот „Дванаесет мајмуни“, 2008 година номиниран е за Оскар за најдобар главна улога во филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ и 2012 година номиниран е за Оскар за најдобра главна улога за фимот „Манибол“.

Бред Пит во 2014 година ја освои наградата Оскар за најдобар филм како еден од продуцентите на филмот „Дванаесет години ропство“.