По ремито со Еибар во минатото коло, Барселона им се врати на победите. Вечерва на гостувањето кај Уеска, момците на Роналд Куман славеа над домаќинот со 1:0, благодарфение на голот на Френки Де Јонг во 27. минута на мечот,
Овој дуел имаше посебно значење за ѕвездата на Барселона, Лео Меси. Имено, Аргентинецот вечерва го одигра својот 500-ти меч во Ла Лига со што стана единствениот странец кој успеал да направи толку настапи во шпанската фудбалска елита.
На 500 меча, Меси има скор од 451 постигнат гол и 197 асистенции.