Магазин 30. јануари 2021. / 20:16

(ВИДЕО) Барди асистираше за победа, Реал Мадрид поразен од Леванте

(ВИДЕО) Барди асистираше за победа, Реал Мадрид поразен од Леванте

Енис Барди и Леванте забележаа голема победа на гостувањето кај Реал Мадрид, со пресврт стигнаа до триумф од 1-2.

Мечот почна лошо за избраниците на Зидан, Милитао доби црвен картон во 9. минута, но и со играч помалку, „кралевите“ поведоа со 1-0 со голот на Асенсио во 13. минута.

Сепак, Леванте брзо наметна игра и во 32. минута изедначи на 1-1 преку Моралес.

Во 64. минута, Леванте имаше голема шанса за водство, но Роџер не погоди од белата точка.

Сепак, Роџерс се искупи за промашувањето и на асистенција на Барди во 78. минута го матираше Куртоа за 1-2.