Магазин 09. март 2021. / 12:40

(ВИДЕО) Бајден се збуни: Го заборави името на неговиот министер за одбрана

(ВИДЕО) Бајден се збуни: Го заборави името на неговиот министер за одбрана

Претседателот на САД, Џо Бајден на последната прес конференција заборави како му се вика министерот за одбрана.

Со овој потег Бајден уште еднаш ги загрижи сите што го поддржуваат и предизвика сериозни критики на социјалните мрежи.

Имено, Бајден на промоцијата на двете жени генерал шефот на Пентагон го нарече „човек кој е на чело на таа единица“ , по неуспешниот обид да се сети како се вика министерот за одбрана на САД, Лојд Остин.

-И сакам да му се заблагодарам на минис…,…мојот, мојот, поранешниот генерал.. Јас секогаш го викам генерал, но тој.. тој е човек кој е на чело на единицата, изјави Бајден на промоцијата.