Магазин 27. јануари 2020. / 11:57

(ВИДЕО) Астронаути ги испекоа првите колачиња во вселената

(ВИДЕО) Астронаути ги испекоа првите колачиња во вселената

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) ги испекоа првите вселенски чоколадни колачиња.

Колачињата потоа биле спакувани во посебни вреќички за печење, и биле вратени на Земјата на 7 јануари. Се работи за експеримент чиј цел била проучување на можностите за готвење на подолготрајни патувања.

Испитувањата ги извршија астронаутите Лука Пармитано и Кристина Коч.

Резултатите се објавени минатата седмица.

Целта на експериментот е практична примена на подолгите вселенски мисии.

Колачињата за печење ги подготви компанијата Дабл три, која потврди дека ќе ги објави и конечните резултати на експерименти. Се планира и сочувување и изложување на колачињата, за луѓето да можат да ги видат и дознаат повеќе за испитувањата.