Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски влезе во вториот дел и одигра четириесетина минути на дуелот меѓу Лидс Јунајтед и Астон Вила, кој неговиот тим го загуби (0-1) и им се врати на поразите во елитата.
Дуелот на „Еланд Роуд“ го одлучи еден гол, иако можеше да има повеќе погодоци во мрежите. Голот вреден три бода падна уште во петтата минута, кога Ел-Гази доби топка во шеснаесетникот од Воткинс и со шут по земја го матира противничкиот голман.
Алиоски влезе во 53. минута, но не успеа да направи премногу затоа што играше како лев бек. Астон Вила освои значајни бодови и се наоѓа на осмото место во Премиер лигата, додека Лидс е десетти.
Во следната рунда Астон Вила ќе игра со фенерџијата Шефилд Јунајтед, додека Лидс ќе гостува кај Вест Хем.