Магазин 28. декември 2020. / 11:10

(ВИДЕО) 20-годишен пилот исцрта имагинарна вакцина на германското небо

(ВИДЕО) 20-годишен пилот исцрта имагинарна вакцина на германското небо

Германскиот пилот Семи Крамер непосредно пред Божиќ го вивнал својот авион над Јужна Германија и исцрта огромен шприц, сакајќи да ги потсети луѓето на почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Европа.

20-годишниот пилот најпрво на џи-пи-ес уред ја одредил маршрутата по која требало да лета со малиот авион од типот „дајмонд ДА-20 катана“.

Летајќи на надморска височина од 5.000 метри, тој исцртал имагинарна патека во форма на 70-километарски шприц, што може да се види на популарната веб-страница flightradar24.

Неговиот лет траел повеќе од еден час во воздушниот простор меѓу градовите Фридрихсхафен и Улм.

– Сè уште има луѓе кои се противат на вакцинацијата, па мојата акција можеби ќе ги охрабри да размислат подобро за нејзината важност – вели Крамер, додавајќи дека неговиот лет не треба да се смета за директен повик за вакцинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samy Kramer (@samy.kramer)