Магазин 12. ноември 2019. / 15:30

Венеција одново под вода

Венеција одново под вода

Плоштадот „Сан Марко“ во Венеција е 70 сантиметри под вода, а сезонската поплава им се заканува и на други делови од градот, јавуваат агенциите.

Висината на веќе традиционално високото ниво на вода во Венеција веќе изнесува 1,27 метри. Се очекува тоа да се зголеми во текот на ноќта заради дождовите, што се најавени. За критично се смета нивото на вода од 1,30 метри.

Многу кафулиња и улици се под вода, а властите како мерка на претпазливост донесоа одлука за затворање на детските градинки.

Некои хотели на своите гости им даваат високи гумени чизми, што се задолжителен дел од гардеробата за жителите на градот.

Нивото на морето обично се зголемува во текот на есента и пролетта, во зависност од плимата и месечните циклуси. Изградениот сложен систем од бариери против поплави, што го носи називот „Мојсеј“, се уште не е целосно ставен во функција. Но, дури и тој не ќе може да ги спречи поплвите на „Сан Марко“.