Трајанчо Велковиќ, кој со години водеше нелогична и тешка борба, за да докаже дека е македонски државјанин и покрај тоа што е роден во Скопје, денеска за жал почина како странец во земјата во која што е роден и го поминал целиот свој живот, објави ТВ 24.
Бидејќи не можеше да се снајде низ правните лавирнти, немаше ниту пак парични средства за да ги подмири сите трошоци за поднесување на документи за државјанство, екипата на Телевизија 24 се обиде да му помогне.
Неколку пати апелиравме и дека здравствената состојба наТрјанчо Велковиќ му се влошува, но не можеше да го оствари свеото основно право на здравствена и социјална заштита затоа што имаше лична карта за странции со привремен престој, објави телевизијата.
Трајанчо Велковиќ додека беше жив беше правно невидлив за оваа држава, така и си замина. Можеби неговиот случај ќе отвори ново поглавје за процесот на добивање државјаство за лицата како него.