Магазин 31. декември 2019. / 09:37

Ведро и студено, преку денот претежно сончево

Ведро и студено, преку денот претежно сончево

Во земјава утрово е ведро и студено, а преку ден ќе биде претежно сончево. Кон крајот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

За време на новогодишната ноќ ќе преовладува малку до умерено облачно време со слаб до умерен, а во втората половина од ноќта на места засилен северен ветер.

Утринската температура се движи од минус четири до 10 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се движи од три до осум Целзиусови степени.

Во Скопје времето е ведро и студено, а преку денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура достигна до минус шест степени Целзиусиви, а дневната температура ќе се движи до три степени.

Во наредните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од северен правец.