Фестивалот Охридско лето и годинава ќе почне од Антички театар. Но, овојпат фестивалот ќе се одржува во вонредни услови, поради пандемијата на ковид-19. Наместо полни трибини како досега, со околу 2.000 гледачи, организаторите најавуваат дека отворањето ќе можат да го следат само 400 посетители.
Публика ќе има на секој втор ред на трибините на Античкиот театар, а гледачите ќе седат на растојание од два метра. Предвидено e мерење на температура на влез на секој посетител, како и регистрација на сите гости при купување билет.
Отварањето ќе биде во знак на основоположникот на Охридско лето, оперската дива Ана Липша Тофовиќ, со концерт на арии во изведба на светски познати солисти.
Фестивалот „Охридско лето“ како најголема културна манифестација ги презема сите безбедносни мерки за здраствена заштита за реализација на годинешнава јубилејна програма. Пред вечерашното Свеченото отворање, на целиот простор, сцената и гледалиштето на Античкиот театар, е направена дезинфекција од страна на Центарот за јавно здравје.
Ваква заштита ќе се прави и по завршување на концертот. Со тоа обезбедуваме целосна безбедност и заштита како за уметниците така и за публиката.