Лорен Повел Џобс не планира да им го остави своето богатство на децата. Вдовицата на ко-основачот и извршен директор на „Епл“, Стив Џобс, во новото интервју за Њујорк Тајмс изјави дека таа го посветила својот живот на ефикасно распределување на богатството на Џобс на начини на кои „им помагаат на поединците и заедницата на одржлив начин“. Како што истакна таа, таа не планира да изгради „семејна династија“.
„Не ме интересира да градам наследно богатство и моите деца го знаат тоа“, рече Џобс.
Таа го користи своето богатство за да инвестира во миграциска помош, едукативен развој и проекти за животна средина преку Емерсон Колектив.
Акумулирањето на богатството „опасно за општеството“
Паулс Џобс , моментално 35-та најбогата личност во светот, смета дека масовното натрупување на богатството е „опасно за општеството“ и ги наведува семејствата од 19 и 20 век како Рокфелер, Карнеги, Мелон и Форд како примери.
„Не е во ред поединците да соберат огромно количество богатство еднакво на она што го имаат заедно милиони и милиони други луѓе“, рече таа, додавајќи дека нема ништо фер во тоа.
Повел Џобс ги наследи акциите што нејзиниот сопруг ги поседуваше во „Епл“ и „Дизни“ по неговата смрт во 2011 година.
Според индексот „Милијардери на Блумберг“, неговото богатство се проценува на 24 милијарди долари.
За разлика од многу други милијардери на Силиконската долина, Пауел Џобс не го потпиша Договорот за давање, инициран од Ворен Бафет и Бил и Мелинда Гејтс. Потписниците се обврзаа да го дадат најголемиот дел од своето богатство на филантропија.