Магазин 06. февруари 2019. / 09:59

Важна вест за сите кои патуваат

Важна вест за сите кои патуваат

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла до 10 метри има на патот крак Маврово, а до 50 метри на планинскиот превој Стража.

Компанијата Виадукт Трејд денеска започнува со градежни активности на експресниот пат А3 , делница Велес-Кадрифаково, во близина на крстосница Овче Поле за што ќе се изврши промена на режимот на работа на сообраќај.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.