Магазин 23. јануари 2020. / 21:23

Вардар загуби од Динамо Киев на подготовките во Анталија

Вардар загуби од Динамо Киев на подготовките во Анталија

Екипата на Вардар доживеа пораз на контролен натпревар во рамки на подготовките во Анталија. „Црвено црните“ загубија од украински Динамо Киев со резултат од 4:0.

Вардарци на моменти имаа рамнотежа во играта и во поседот на топката, но сепак, противникот ги искористи своите шанси и постигна четири голови.

Првиот гол падна во петтата минута, откако Бујалски со удар од 15-16 метри во долниот десен агол го совлада голманот Гачевски. Вториот гол го постигна Сидорчук по една нафрлена топка. На 3:0 зголеми Дуелунд во 29. минута по акцијата од десната страна.

Во второто полувреме Динамо Киев користи уште една шанса во 86. минута. Ѓурковски стартуваше над еден противнички играч, по што беше покажан пенал. Сигурно го реализираше Русин и го постави конечниот резултат.