Магазин 05. март 2021. / 13:48

Вардар против Веспрем во 1/8 финалето во ЛШ

Вардар против Веспрем во 1/8 финалето во ЛШ

Со четирите натпревари што се одиграа вчера вечер, заврши групната фаза во ракометната Лига на шампиони, по што се познати и двојките за првата елиминациска рунда.

Единствениот макеоднски претставник сезонава Вардар не се прослави, па групната фаза ја заврши со убедлив пораз од белорускиот првак Мешков Брест и тоа во Скопје со 32-36.

По мечот тренерот Алушовски повторно ги бараше причлините за лошата игра, додека капитенот Стоилов отворено и критично кон дел од соиграчите.

– Тренерот на Мешков ме потсети што е проблемот во нашиот тим. Алонсо кажа колку Вардар е специјален клуб и како знае да направи камбек. И колку е голем клуб. Но некои играчи кај нас не сфаќаат колку голем и специјален е овој клуб и го сфаќаат здраво за готово тоа што го носат овој дрес. Тоа е најголемиот наш проблем, изјави по мечот Стоилов.

Вардарци ја заврши групната фаза на претпоследната седма позиција во А групата, во во првата рунда од нокаут фазата ги очекува голем предизвик во унгарскиот гигант Веспрем.