Магазин 19. ноември 2020. / 21:15

Вардар поразен од Киелце

Вардар поразен од Киелце

Македонскиот ракометен клуб вечерва загуби од Киелце во арената „Јане Сандански“ во Скопје. Во меч од Лигата на шампионите, нашиот шампион забележа пораз од 4 голови разлика.

Вардар одлично го почна натпреварот, Киелце поведе со 1-0, но потоа следуваше серија од 5-0 на нашиот тим за водство од 5-1. Но, во продолжението работите се променија.

Волф се разбрани, вардаровите ракометари правеа грешки, нападот не функционираше, Киелце почна да ја топи предноста, го сврте мечот и одморот замина со три гола предност, 16:13.

Во првата половина од второто полувреме Вардар повторно беше добар, со серија од 4-0 успеавме да дојдеме и до еден гол предност 22-21, но потоа повторно Волф се испречи, со серија од неколку одбрани по ред им даде ветар во грб на своите ракометари кои дојдоа и до највисоки пет голови разлика, на крајот победија со 33-29.

Разликата на овој натпревар ја направија Волф и Душебаев, голманот на Киелце беше несовладлив кога се кршеше мечот, а поранешниот Вардарец даде дури 10 голови од 11 шута.

Во составот на Вардар, Јотиќ постигна шест гола, Чупиќ и Дибиров реализираа по пет пати, Георгиевски даде четири. Кантегрел имаше пет одбрани, Ристовски три. Кај Киелце убедливо најрасположен нбеше Алекс Душебаев со 10 голови, Туран постигна четири, Игор Карачиќ му даде два погодоци на својот поранешен тим. Волф мечот го заврши со 14 одбрани.

Ова беше втор пораз на Вардар од четири одиграни натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона, за шест дена нашиот тим му гостува на Киелце.