Откако и во пролетната полусезона продолжи одложувањето натпревари поради коронавирусот, Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука – сите 16 екипи од машката Лига на шампоните ќе продолжат во осминафиналето.
Иако оригиналното правило гласи дека само екипите пласирани до шеста позиција ќе продолжат понатаму, ЕХФ се прилагоди на сезоната полна со недостатоци и аномалии и пресуди сите екипи да добијат шанса. Во оваа новонастаната ситуација, осминафиналето ќе се игра по едноставна шема, осмиот од А, против првиот од Б-групата и сите останати по тој редослед: 1А-8Б, 2А-7Б, 3А-6Б, 4А-5Б, 5А-4б, 6А-3Б, 7А-2Б.
Досега Вардар стравуваше дали ќе го освои шестото место за да се пласира во нокаут-фазата, но сегта пласманот е сигурен, прашањето е на која стартна позиција и против кого. Натпреварите кои преостануваат во февруари ќе бидат во таа функција, а ЕХФ го помести и рокот за договарање на нови термини на одложените средби. Последна шанса за да се презакажат ПСЖ и Фленсбург ќе биде 26 февруари.
Како што стојат работите во моментов, Вардар е осми во групата А и би вкрстил со, речиси, сигурно првата Барселона, од групата Б. Промените ќе важат само за Лигата на шампионите, а во Европската лига нема да се случат модификации на системот.