Магазин 21. февруари 2021. / 18:15

Вардар испушти победа против Елверум во последните секунди од мечот

Вардар испушти победа против Елверум во последните секунди од мечот

Македонскиот ракометен шампион Вардар одигра изедначен меч со норвешки Елверум кој на крајот заврши 34-34 во првата пресметка од предвидените две средби со норвешкиот шампион во рамки на групната фаза од Лигата на шампионите.

Анте Гаџа со осум гола, од кои шест во првото полувреме и Иван Чупиќ со шест погодоци беа најпрецизните додека  Стоилов даде пет, а пак на голот на Вардар Марко Кизиќ забележа 12 одбрани. Кај Елверум, Мате, Солстад и Пујол дадоа по пет гола.

Вардар ќе има нова шанса за триумф против Елверум на натпреварот кој ќе се игра во среда, повторно во салата Јане Сандански.

foto:gol.mk