Се уште актуелниот европски ракометен првак Вардар, ќе игра во група со екипите на ПСЖ, Порто, Киелце, ПИК Сегед, Мешков Брест, Флензбург и Елверум.
Вака одлучи ждрепката во Виена која сакаше Вардар да игра во групата 1, сезона во елитното ракометно клупско натпреварување се очекува да започне во септември. Ќе се играат 14 кола, а потоа ќе се одиграат нокаут фазите.