Магазин 08. март 2020. / 20:04

Вардар со победата над Нексе Нашице е многу блиску до „фајнал-фор“ турнирот

Вардар со победата над Нексе Нашице е многу блиску до „фајнал-фор“ турнирот

Во првата четвртфинална средба во СЕХА лигата, Вардар победи на гостувањето кај Нексе Нашице (30-31). Бранителот на титулата во регионалната лига ќе мора да го потврди триумфот на домашен терен за да се најде на уште еден „фајнал-фор“ турнир.

Дибиров постигна 12 гола од исто толку обиди, Скубе реализира шест, а Шишкарев и Горбок завршија со четири погодоци. Патникот на завршниот турнир во Задар ќе биде познат на реваншот за една недела во Скопје.