Магазин 09. јули 2020. / 19:06

Вардар ги претстави засилувањата: Филип и Џомба добредојдовте во европскиот шампион

Вардар ги претстави засилувањата: Филип и Џомба добредојдовте во европскиот шампион

Екипата на Вардар 1961 попладнево презентираше две засилувања за новата сезона.

Двајца репрезентативци на Македонија во новата сезона ќе го носат „црвено-црниот“ дрес на македонскиот ракометен шампион.

Се работи за десното крило, Гоце Георгиевски, кој потпиша договор до 2022 година и левиот бек, Филип Талески, чија соработка ќе трае една година.

Последните три сезони десното крило Георгиевски ги мина во редовите на ЧСМ Букурешт во Романија, додека Талески од бундеслигашот Балинген.